ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release

ПРВИОТ ЧЕКОР ОД НОВАТА АВАНТУРА
SEAT И ШАКИРА ЈА ЗАПОЧНАА СОРАБОТКАТА СО АНИМИРАН ТВ СПОТ

  • Промовиран првиот анимиран спот кој произлезе од соработката помеѓу SEAT и ШАКИРА.
  • Во спотот се прикажани модели на SEAT и магично патување кое е полно со имагинација.
  • Во позадина на спотот е песната Good Stuff, која е дел о новиот албум на Шакира - She Wolf.
  • Ова претставува почеток на соработката и дел од активностите кои треба да се реализираат од Европската турнejа на Шакира


Првиот резултат од новото “патување“ на SEAT и интернационалната поп ѕвезда Шакира е снимањето и промовирањето на новиот анимиран спот. Снимањето на спотот е реализирано во декември во Мадрид, пост-продукцијата на спотот е реализирано во Лондон, а првото прикажување на спотот ќе биде направено после март месец. Ова е првиот чекор и првиот реализиран проект кој произлезе од соработката и претставува најава за Европската турнеја на Шакира.

Во спотот е прикажано фантастично анимирано патување на "SEAT и Шакира во Земјата на чудата", во имагинарен и магичен свет каде што секој сегмент е во полн сјај благодарение на предните светла на автомобилите. Моделите SEAT Ibiza и Leon Good Stuff Edition заедно со Шакира се дел на спотот.

Гледачите ќе може да уживаат во гласот на Шакира, одличниот ритам и препознатливите автомобили од шпанскиот бренд. И сето тоа се случува во свет посебно создаден за спотот, свет полн со магија, бои, имагинарни ликови – како сирени и октоподи.

Спотот е снимен за песната Good Stuff, која е дел од новиот албум на Шакира - She Wolf. Насловот на песната ќе биде аплициран како заштитен знак и ќе претставува обележје за соработката помеѓу SEAT и Шакира.

Одделот за Маркетинг комуникација на SEAT и Маркетинг агенцијата Atletico International го развија целиот проект од креативни идеи за спотот и фотографирањето, додека пак пост-продукцијата беше реализирана од страна на компанијата Superfad во Лондон. За реализација на пост-продукциските активности беа потребни два месеци. Екипата која беше дел од снимањето на спотот изјавија дека “се многу задоволни од ентузијазмот на Шакира и соработката која ја имаа за време на снимањето на спотот“.

Ова не е прва соработка меѓу SEAT и Шакира. Првата соработка беше реализирана во 2007 година кога автомобилскит бренд SEAT беше официјалниот спонзор за време на Европската 'Oral Fixation' турнеа за промовирање на албумот 'Oral Fixation'. Европската турнеа опфаќаше одржување на концерти низ поголемите градови во Европа како што се: Осло, Прага, Лондон, Париз, Стокхолм, Берлин и многу други. Истотака, ова соработка вклучуваше и добротворна кампања во која се собраа повеќе од 100.000еур и беа добирани во Фондацијата Pies Descalzos.


Линк за “teaser” за новиот спот www.seat.com/goodstuff.

назад