ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 30.08.2010


 

SEAT IBIZA SPORTCOUPÉ 'BOCANEGRA' пристигна во Македонија

  • Ibiza SportCoupé 'BOCANEGRA' се карактеризира со исклучителна динамика и заден дел што ви го задржува погледот.
  • Нагласен квалитет и возбудлива иновативност.
  • Ibiza SC Bocanegra 1.4 TSI DSG 180KS со цена од само 22.990еур

На саемот за автомобили во Женева 2008, SEAT го имаше претставено новиот прототип, Ibiza SportCoupé "Bocanegra", модел што блеска со карактер и спортски стил почнувајќи од предниот до задниот дел. Моделот Bocanegra ја следи естетската и практична визија на дизајнот на автомобили, според вештините на Luc Donckerwolke, главен дизајнер во SEAT.

 

Моделот од сега може да го погледнете и во салонот на SEAT во Скопје кој е со многу примамлива цена и со високо ниво на опременост. Цената за Ibiza SC Bocanegra 1.4 TSI DSG 180KS моделот започнува од само 22.990еур и ја вклучува следната опрема: климатроник, воздушни перничиња за возач и совозач, воздушни перничиња за главата и градите за возач и совозач, ABS, паркинг позиција на странични ретровизори, електро-хидрауличен серво управувач (прогресивен) со DSR, управувач и рачка на менувач обложени со кожа и лого Bocanegra, централна брава со далечински управувач, електрично подигање на стакла, електрично прилагодување на ретровизори со греjачи, ESP + контрола на притисок во пневматици + помош при тргнување на нагорнини, патен компјутер, радио CD + MP3 + Aux in приклучок + контролни копчиња на столбот на управувачот, имобилизатор, предни светла за магла со функција за активирање при свртување на управувачот во свијоци, спортски предни и задни седишта, прилагодување по висина и длабина на управувачот, прилагодување по висина на возачко и совозачко седиште, задни стакла од столб Б со дополнително затемнување, спортска суспензија, 17" алуминиумски фелни "Cosmos" сива боја.

 

Дизајн што воодушевува

 

Моделот веднаш ќе го привлече вашиот поглед на спектакуларниот преден дел за што и возилото го добива името "Bocanegra".

 

Каросеријата со две врати може да се пофали со чиста coupé силуета на што и е даден акцент од полу-транспарентниот црна предна маска. Привлечниот ефект добиен со предните светла е комплетиран со дизајнерскиот детаљ на украсување, заокружувајќи го работ на симболот на SEAT, што самиот пројавува нов изглед.

 

Друга примамлива црта во истиот предел е дизајнот на предниот браник, неговиот комплетен изглед е во сродство со маската што ја нагласува експресивноста и спортската природа.

 

Компактно coupé возило

 

"Bocanegra" поседува компактен екстериер со новата - ниска кровна линија и беспрекорна линија во должина од четири метри. Ова му овозможува совршена синтеза на моќен, спортски дух од една и од друга страна функционалност, просторност и регулирана безбедност, потребни за обезбедување на практичните потреби.

 

Можноста да се движи низ градскиот сообраќај е гарантирана, додека ширината и базата на воланот ветуваат брзо, удобно возење надвор од градскиот метеж.

 

Движејќи се нагоре, се забележува уште една карактеристика на возбудливиот надворешен дизајн на 'Bocanegra' – сончевиот панорамски сончев кров што овозможува да го исполни со светлина патничкиот простор.

 

Високиот страничен дел вклопен со ретровизорите на вратата формираат дополнителен впечатлив изглед. Огледалата, завртени, споени под прозорната линија, посебно го збогатуваат со динамичен изглед новото SEAT SportCoupé. Овој елегантен дизајнерски белег, со специфична страница поврзувајќи ги ретровизорите до вратата, создава навистина воодушевувачки изглед.

 

Еволуција на "динамичната линија"

 

Исцртаните површини на возилото, нагласуваат три различни карактеристики, што на модел му даваат спортски карактер поголем впечаток и претставуваат главна еволуција на препознатливата динамична линија на шпанскиот бренд. Почнувајќи од предниот крај следејќи ја линијата на корпусот до централниот дел од вратата, првата линија е виртуелно пресликана со друга што се спушта од спротива, од крајот на задниот дел на моќните раменици до централниот дел на вратата. Двете се подвлечени со уште една, трета линија што ги спојува двете арки од тркалата.

 

На задниот дел од автомобилот, се наоѓа експресивниот, робустен изглед создаден од јасно исцртаните-контурирани раменици на возилото што се потенцираат. Исто и задните светла му даваат многу помоќен изглед.

 

Штом го погледнете централниот заден дел, ќе го забележите симболот на брендот, што како дел од предницата, пројавува еден нов црн изглед со хромиран раб и повторно се појавува како рачка за отворање на багажниот дел. Гордо поставен под знакот на задниот дел, испишано е името на историското име-Bocanegra.

 

Авангарден ентериер

 

Внатре, драматичниот изглед на концептот на SEAT е импресивен спој на возбудлив дизајн и исклучителен висок квалитет. Во овој домен тимот на SEAT посвети посебно внимание, се дури до најфиниот детаљ.

 

Внатрешноста на 'Bocanegra' се одликува со импресивна различност на тонови и текстури. Предниот крај доминира со предна таблата со спортски, лесен изглед. Вниманието ќе ви го привлекуваат детаљите, како и централната конзола, воедно секој детаљ е посебен за себе.

 

Насекаде во внатрешноста, висината и одлично прилагодливиот управувач не се совршено сферични, има спортски дизајн поделен на три дела, со две посебно ергономични вдлабнатини што го чинат позгоден за управување.

 

Природно, се гледа симболот на брендот во центарот, понатаму поседува вметнати копчиња за ракување на 7 брзинскиот менувач и копчиња што контролираат разни функции за оперирање на надворешни апарати кај возилото преку Bluetooth.

 

Како што се очекува, инструментната табла го следи спортскиот стајлинг. Позиционирана помеѓу брзинометарот и мерачот за вртежи екранот функционира како телефонски дисплеј. Телефонот и останатите функции се достапни и се употребуваат преку контрола на управувачот, со што е максимизирана конекцијата меѓу возилото, возачот и другите периферни инструменти како телефонот.

 

Секој детаљ од внатрешноста на Bocanegra e внимателно искреиран. Ретро дизајнот на инструмент таблата, заоблените форми, линијата што го следи динамичното движење, прави вие се чувствувате како да управувате со мало вселенско компактно возило, што брзо ве движи во простор и време. Седиштата се компактни кои совршено одговараат на вашето тело.

 

Ефикасен TSI двоен турбо мотор

 

Под каросеријата на овој возбудлив модел се наоѓа моќен и економичен 1.4 литарски двоен турбо мотор со TSI технологија во комплет со 7 брзински DSG менувач со педали за менување на управувачот.

 

Поврзувајќи ја моќта на 1.4 TSI двоен турбо мотор со брзината и спортскиот карактер на DSG менувачот, ветува уживање во возењето. Додадено на ова, стабилностa на SEAT како и aгилната шасија – му даваат можност на возачот да ужива во спортското возење и управување до најмал детаљ.

 

1.4 TSI турбо двојниот мотор во Ibiza 'SportCoupé' Bocanegra исто така ветува скромна емисија на CO2, со што 'Bocanegra' ја оддржува тенденцијата на брендот за намалена емисија на CO2 во сите свои верзии на возила.

 

Истовремено, ширината на шасијата ја зголемува стабилноста при брзинско возење, како и динамичните карактеристики на управување на автопат.

 

Динамичната и креативна природа на 'Bocanegra' е создадена да им ги разработат емоциите на оние што уживаат во спортско возење со оригинален стил и изразена персоналитет. Уште еднаш со Bocanegra остануваме доследни на вредностите на брендот произведувајќи модели што се издвојуваат со својот иновативен дизајн, посебен квалитет и вредност.

назад