ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

Press release, 03.09.2010


 

SEAT донираше 15 автомобили за Образовни Центри

  • Шпанскиот бренд овозможува полесна интеграција на младите кадри на пазарот на работна сила
  • Придобивките од донацијата на технички материјал во Образовните центри е од големо значење

SEAT оди еден чекор повеќе и ја започнува соработката со Образовните Центри во Валенсија. Со започнувањето на соработката, а со цел подобро функционирање на Центрите и на повисоко ниво SEAT донира петнаесет автомобили. Донацијата на технички материјали произлегува од потпишаната соработката помеѓу Одделот за едукација во Валенсија и шпанскиот автомобилски производител произлегува.

 

Официјалното потпишување беше реализирано во Levante Motor (Валенсија) каде што се наоѓа едно од 40-те претставништва на SEAT дилерите. За време на настанот присуствува претставници од Валенсија Министерот за образование Александро Фонт и претставник од SEAT Шпанија Винсент Адиран.

 

Исто така, имаше претставници и од дилерската мрежа на SEAT во Валенсија како и претставници од повеќе Образновни центри кои ја искажаа своја благодарност за придонесот на SEAT како и за напорите кои ги внесува SEAT за подобрување на условите во образнованието.

 

Покрај тоа што со донацијата SEAT им овозможува на младите луѓе да се запознаат со специфични знаења за технологијата на марката сепак основата цел на донацијата е да овозможи промовирање и интеграција на младите кадри на пазарот на работна сила преку понуда за практикантска работа, а подоцна и вработување за дилерската мрежа на SEAT, Валенсија.

 

Текст: SEAT Media Center http://media.seat.com

назад