|
На
саемот за автомобили во Женева 2008, SEAT го откри новиот прототип за
идните модели, SportCoupé “Bocanegra”, модел што блеска со карактер и
спортски стил почнувајќи од предниот до задниот дел. За
шпанскиот бренд ова претставува почеток т.е. иницијатива на
производство што ќе се проширува во следните години, коишто вклучуваат
важно лансирање на новата генерација Ibiza како ново салонско возило во
Б – сегментот, чијшто развиток се очекува со почеток на моделската 2009
година.
Способен да предизвика интензивни емоции на прв поглед, Bocanegra ја следи естетската и практична визија на дизајнот на автомобили, според вештините на Luc Donckerwolke, главен дизајнер во SEAT.
Употребувајќи
ја последната технологија во неодамна отворениот SEAT центар за дизајн
во Марторел, дизајнерите и инженерите произведоа возило со совршен
одблесок на спортски изглед,емоција и квалитет. SportCoupé со својот
ултра модерен, впечатлив изглед, изложува мноштво на фасцинантни
обележја одвнатре и однадвор.
Дизајн што воодушевува
Вашиот поглед веднаш ќе го привлече спектакуларниот преден дел за што и возилото го добива името “Bocanegra” – во превод “црна уста”. Горниот
дел е прекриен со прекрасен темен Перспекс (вид на пластичен материјал
за изработка на фин дизајн) финиш, од што наѕираат само светлата со
својата маркантна уметничка изведба со LED технологија.
Телото
со две врати може да се пофали со чиста coupé силуета на што и е даден
акцент од полу-транспарентниот црн предна ивица. Се разбира, љубителите
на SEAT може да се потсетат на далечните сеќавања на лансирањето на
оригиналната “Bocanegra”, легендарното спортско купе на SEAT.
Привлечниот
ефект добиен со предните светла е комплетиран со дизајнерскиот детаљ на
украсување, заокружувајќи го работ на симболот на SEAT, што самиот пројавува нов изглед.
Наместо
хромираниот симбол на брендот, класичното “S” се појавува во црна боја,
со изглед на силуета од хромирана линија. Својата длабочина, со што се
чини повеќе три-димензионално и црниот финиш се елементи што
одскокнуваат како јасна претстава на забележителното подобрување на
квалитетот веќе постигнат од SEAT.
Друга
примамлива црта во истиот предел е дизајнот на предниот браник,
неговиот комплетен изглед е во сродство со маската што ја нагласува
експресивноста и спортската природа која што ќе биде есенцијален израз
на шпанскиот бренд за генерацијата на модели што доаѓаат, што ќе се
појават на пазарот многу скоро.
Компактно coupé
возило
“Bocanegra” поседува компактен екстериер со новата - ниска кровна линија и
беспрекорна линија во должина од четири метри. Ова му овозможува
совршена синтеза на моќен, спортски дух од една и од друга страна функционалност, просторност и регулирана безбедност, потребни за обезбедување на практичните потреби.
Можноста
да се движи низ градскиот сообраќај е гарантирана, додека ширината и
базата на воланот ветуваат брзо, удобно возење надвор од градскиот
метеж.
Движејќи
се нагоре, се забележува уште една карактеристика на возбудливиот
надворешен дизајн на ‘Bocanegra’ – сончевиот панорамски сончев кров што
овозможува да го исполни со светлина патничкиот простор. Играјќи си со
краевите што одговараат со темниот Perspex (пластичен материјал за фина
изработка на дизајнот) природно ги хармонизира надворешните бои со
конзистентен, драматичен изглед.
Високиот
страничен дел вклопен со огледалата на вратата формираат дополнителен
впечатлив изглед. Огледалата, завртени, споени под прозорната линија,
посебно го збогатуваат со динамичен изглед новото SEAT SportCoupé. Овој
елегантен дизајнерски белег, со специфична страница поврзувајќи ги
ретровизорите до вратата, создава навистина воодушевувачки изглед.
Видена
од страна, прво нешто што ќе ве остави без здив се 19” алуминиумски
фелни со ултра - спортски ниски профилни гуми 235/35. Ова е совршена
дефиниција за возило што треба да има спортски изглед како што делува и
се чувствува.
Еволуција на
“динамичната линија”
Исцртаните
површини на возилото, нагласуваат три различни карактеристики, што на
новиот прототип му даваат спортски карактер поголем впечаток и
претставуваат главна еволуција на препознатливата динамична линија на
шпанскиот бренд. Почнувајќи од предниот крај следејќи ја линијата на
корпусот до централниот дел од вратата, првата линија е виртуелно
пресликана со друга што се спушта од спротива, од крајот на задниот дел
на моќните раменици до централниот дел на вратата. Двете се подвлечени
со уште една, трета линија што ги спојува двете арки од тркалата.
Целта, повторно е, јасно да го прикаже новиот авто стил што СЕАТ го
промовира.
Во
меѓувреме, на задниот дел од автомобилот, се наоѓа експресивниот,
робустен изглед создаден од јасно исцртаните-контурирани раменици на
возилото што се потенцираат. Исто и задните светла му даваат многу
помоќен изглед.
Штом
го погледнете централниот преден дел, ќе го забележите симболот на
брендот, што како дел од предницата, пројавува еден нов црн изглед со
хромиран раб и повторно се појавува како рачка за отворање на багажниот
дел. Гордо поставен под знакот на задниот дел, испишано е името на
историското име на прототипот Bocanegra.
За
да го заокружиме мислењето за надворешноста на Боканегра, мора дасе
споменат и LED светлата кои одлично се надоврзуваат со иновативниот
дизајн.Маскирани од темен Перспекс на предницата, и вметнати во тие
потенцирани раменици во задниот дел. LED светлата совршено ги
потенцираат спортските карактеристики на Боканегра.
Авангарден ентериер
Внатре,
драматичниот изглед на концептот на СЕАТ е импресивен спој на возбудлив
дизајн и исклучителен висок квалитет. Во овој домен тимот на SEAT
посвети посебно внимание, се дури до најфиниот детаљ.
Едeн
од основните намери за стајлингот на внатрешниот дизајн беше да се
искреира простор што нуди функционалност, збогатен со практични
елементи со беспрекорен квалитет, што и на крајот се постигна.
Внатрешноста на ‘Bocanegra’
се одликува со импресивна различност на тонови и текстури. Предниот
крај доминира со шал - таблата со спортски, лесен изглед. Вниманието ќе
ви го привлекуваат детаљите, како и централната конзола, воедно секој
детаљ е посебен за себе.
Издувните
филтри за воздух се специјално направени за овој модел. Сите внатрешни
елементи се прекриени со метална мрежичка, што освен што му
дава спортски финиш и е практичен. Во издувите за воздух оваа мрежичка
користи како вентил што го регулира и управува воздухот со полукружно
движење.
Насекаде
во внатрешноста, висината и одлично прилагодливиот управувач не се
совршено сферични, има спортски дизајн поделен на три дела, со две
посебно ергономични вдлабнатини што го чинат позгоден за управување.
Природно,
се гледа симболот на брендот во центарот, понатаму поседува вметнати
копчиња за ракување на 7 брзинскиот менувач и копчиња што контролираат
разни функции за оперирање на надворешни апарати кај возилото преку
Bluetooth.
Како што се очекува, инструментната табла го следи спортскиот стајлинг.
Позиционирана
помеѓу двата брзинометар и мерачот за вртежи, хај тек екранот
функционира како телефонски дисплеј. Телефонот и останатите функции се
достапни и се употребуваат преку контрола на управувачот, со што е
максимизирана конекцијата меѓу возилото, возачот и другите периферни
инструменти како телефонот.
Секој детаљ од внатрешноста на Bocanegra e внимателно
простудиран и искреиран. Ретро дизајнот на инструмент таблата,
заоблените форми, линијата што го следи динамичното движење и а вие се
чувствувате како да управувате со мало вселенско компактно возило, што
брзо ве движи во простор и време. Седиштата се од црна кожа, компактни
без наслонувачи, совршено одговараат на вашето тело. Додека страниците
се преоблечени со кафена кожа што совршено одговара со боите на
ентериерот.
Ефикасен TSI двоен турбо мотор
Под
каросеријата на овој возбудлив прототип се наоѓа моќен и економичен 1.4
двоен турбо мотор со TSI технологија во комплет со 7 брзински DSG
менувач За првпат досега SEAT произведува двоен турбо мотор во
комбинација со 7 брзински DSG менувач со копчиња на управувачот.
Поврзувајќи ја моќта на 1.4 TSI
двоен турбо мотор со брзината и спортскиот карактер на
DSG
преносливоста
на менувачот, ветуваат уживање во возењето за за ентузијастичко и
моторно возење. Додадено на ова, контролата на управувачот, стабилностa
на SEAT како и оригиналната “aгилност на шасијата” – му даваат можност
на возачот да ужива во спортското возење и управување до најмал детаљ.
1.4 TSI турбо двојниот мотор во ‘SportCoupé’ исто така ветува скромна емисија на CO2 благодарение на малото преместување. Така ‘Bocanegra’ ја оддржува тенденцијата на брендот за намалена емисија на CO2 во сите свои верзии на возила. Јасно, ова веќе започна со производството на ECOMOTIVE Ibiza и León.
Истовремено,
ширината на шасијата ја зголемува стабилноста при брзинско возење, како
и динамичните карактеристики на управување на автопат.
Динамичната и креативна природа на ‘Bocanegra’ е
создадена да им ги разработат емоциите на оние што уживаат во спортско
возење со оригинален стил и изразена персоналитет. Уште еднаш со
Bocanegra остануваме доследни на вредностите на брендот произведувајќи
модели што се издвојуваат со својот иновативен дизајн, посебен квалитет
и вредност.
|