ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

НАПРАВЕН ЗА ВОЗЕЊЕ ВО ГРАД. НОВИОТ SEAT MII

SEAT Mii, кој наскоро треба да биде лансиран во Велика Британија, го претвора секое урбано патување во задоволство. Дизајниран и направен за возење во град, со него изгледа како местата за паркинг да ги има повеќе, а шпицот во сообраќајот изгледа како да го снемува. Со комбинацијата на интелигентна мултимедиска технологија со паметно инженерство и водечка ефикасност во потрошувачката на гориво, ова е повеќе од автомобил. Seat Mii е алатка со која го извлекувате најдоброто од животот.

seat mii

Во срцето на SEAT Mii е SEAT Мобилниот Систем: мултимедиумски, повеќенаменски екран на допир кој комбинира навигација, информации за внатре во возилото, информации, забава, hands-free поврзаност и повеќе. Исто така, многу е лесно пренослив. Така што, можете да го земете со Вас кога сте пеш и е исто корисен како кога сте зад управувачот.

seat mii

SEAT Mii ја презема контролата кога сте заглавени во сообраќај, благодарение на иновативниот Систем за безбедност при возење во град. Постојано внимава дали има други автомобили напред, при што сопира автоматски за да спречи судири под 30km/h. Тоа е затоа што кога возите во градот, одлично е да имате копилот.

Пакетот за комфор вклучува Контрола на брзина за полесно возење на долги растојанија Сензорот за паркирање назад ќе Ви помогне да се протнете во тесни растојанија и електрично загреани ретровизори на вратите и светлата за магла за да се подобри безбедноста во зима. И се разбира, ABS воздушните перничиња за возачот и патниците ќе Ви помогнат кога и да Ви затребаат.

seat mii

SEAT Mii е доволно голем за да можат четири возрасни лица да патуваат удобно – и паметниот дизајн значи дека има брз и лесен пристап до задното седиште. Завршната обработка е на исклучително високо ниво за возило од неговата големина. Може да одберете од широк спектар на опции за индивидуализација, од кожата и хромираните детали на графиката, подните простирки и повеќе. Кој Mii и да го одберете, може да биде уникатен како вас.