ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

SEAT IBX концепт возилото ја претставува нашата визија за градско СУВ возило што ги комбинира моќниот карактер на SEAT и спортскиот дизајн со самодоверлив изглед и препознатливи пропорции. Совршениот дизајн не изискува декорации, затоа ова возило нема никакви украси.

По своите пропорции, IBX е СУВ возило, но по изглед е спортско купе. IBX има многу внатрешен простор, а сепак е агилен и доволно компактен за градските улици и паркинг просторите.

redCar

Овој plug-in хибрид нуди одржливо движење. Се полни со домашен приклучок и, со својот достиг од 50 километри, може лесно да ги покрие секојдневните патувања, без никаква емисија на гасови. Сепак, личната слобода е загарантирана благодарение на внатрешниот мотор на соговрување. И се разбира, IBX е опремен со сите ефикасни технологии од ECOMOTIVE програмата.

Главниот дизајнер на SEAT, Luc Donckerwolke вели: “Ви докажуваме дека со нашиот дизајн, нашето спортско педигре и младешкиот карактер, можеме да создадеме и концепт возило што е единствено меѓу сите СУВ возила.”

redCar