ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ СНЕЖНИ БУРИ. СОВРШЕНО ЗА ПРОШЕТКА СО СЕМЕЈСТВОТО.

Со додадената приспособливост на погонот на четири тркала, Alhambra е подготвена да оди каде што нема отидено претходно. Така што, каде и да возите, можете да стигнете со потполна доверба и спокојство.

СЕ СПРАВУВА СО СИТЕ ПРЕЧКИ, ОД ОПАСНИ ПАТИШТА ДО ШЕСТГОДИШНИ ДЕЦА НА КОИШТО ИМ Е ЗДОДЕВНО.
redCar

Има доволно моќ во Alhambra 2.0 TDI CR 140 КС моторот да се справи со што и да ви понуди времето. И додека ви е погледот на патот, оној на децата може да биде вперен во опционалниот SEAT медија систем 2.2. Или можат да разгледуваат преку големиот панорамски стаклен покрив. Ако не им го одвлече вниманието времето надвор, Alhambra Park Assist опцијата – што овозможува Alhambra да се паркира самата – и опционалните електрични лизгачки врати сигурно ќе го направат тоа.

4-ПОГОНСКИ СИСТЕМ И 7 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА.
redCar

Не можете да ги оставите вашите деца да си играат во снегот без да ги завиткате убаво претходно. Е па, ние не можевме да ве оставиме да си играте без претходно да го направиме истото. Затоа ја опремивме 4WD Alhambra со доволно безбедносни елементи за да добиеме пет ѕвезди на Euro NCAP*. Седум воздушни перничиња се стандардни, а совозачкото може да се исклучи ако го користат деца. Задните седишта имаат Top Tether и iSOFiX за безбедно монтирање или вградени детски седишта, ви одбирате. 4WD Alhambra ви дава сè што ви е потребно за да се забавувате надвор. Само што, за разлика од вашите деца во огромните скафандери, вие ќе можете да се движите исклучително добро.

redCar