ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    PRESS    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 


 
 
       

Заокружувајќи ја целосната понуда на SEAT возилата во Македонија, импортерот Т.Д. КА–ДИСна 01.04.1998 година, го отвори Сервисниот центар, со цел да се овозможи квалитетно одржување на истите.

Во Сервисниот центар одлично функционираат два посебни оддели – Механичарски оддел и Оддел за каросерија и боење. Сервисниот центар во моментов има 20 вработени кои постојано се усовршуваат, а се обучени за квалитетно и навремено извршување на сервисната услуга.

Сервисот е проектиран и опремен по сите најнови светски стандарди. Новите техничко–технолошки достигнувања во конструирањето и изработката на возилата со себе повлекуваат и неопходно користење на специјализиран алат за одржување на истите. За таа цел Сервисниот центар е опремен со комплетен специјален алат за возилата од програмата на реномираниот шпански производител SEAT.
 

   

Тука би ги истакнале дијагностичките уреди за испитување на комплетна електроника на возилата VAG 1551 и VAS 5051, без чија употреба е незамисливо сервисирање на софистицираните електронски системи.

Т.Д. КА–ДИС, како импортер што се стреми да обезбеди висок квалитет на своите услуги, го обезбеди дијагностичкиот уред VAS 5051, единствен од овој вид во државата. Дијагностичкиот уред моментно е најсовремениот апарат за дијагностицирање и сервисирање на новата генерација возила од групацијата Volkswagen. Сервисот е опремен и со 4 хидраулично–пневматски дигалки за автомобили и помошни хидраулични дигалки од италијанскиот производител на сервисна опрема RAV и апарат за ласерско подесување на геометријата на подвозјето Hofmann 330. За нивната, како и за работата на пневматскиот алат, во сервисот е инсталирана пневматска мрежа, со која се доведува компримиран воздух.

Од техничките постројки со коишто е опремен Сервисниот центар КА–ДИС, би го истакнале дијагностичкиот уред VAS 5051, којшто претставува последно техничко-технолошко достигнување во доменот на компјутерската дијагностика и без кој не е возможно сервисирање на возилата од групацијата Volkswagen.

Овој дијагностички уред има можност за брзо и прецизно дијагностицирање на електронските дефекти на возилото. Истиот е опремен со дигитален осцилоскоп, како и со сите мерни инструменти неопходни за дијагностицирање на електронските дефекти. Центарот е опремен и со специјални уреди за испитување на инсталацијата на моторната електроника како и уред за испитување на инсталацијата на ABS системот против блокирање на тркалата при сопирање.
Сервисниот Центар е опремен и со дигитален уред за мерење на компресија со кој прецизно се oдредува состојбата во која се наоѓа моторот. Тука се и мерачот за притисок на масло во системот за управување како и мерачот за притисок на масло во моторот. Сервисниот центар е опремен и со комплетен специјален алат, меѓу кои би се издвоиле сетот со специјални алати за поправка на менувачот.

Сервисирање на SEAT моделите во коишто се вградени последните техничко–технолошки достигнувања е незамисливо и без користење на стручна литература. Сервисниот центар КА–ДИС е опремен со комплетна сервисна литература за сите модели од програмата на SEAT. Сервисниот центар КА–ДИС е снабден и со сметачки машини кои се дел од глобалниот информативен систем на претпријатието. Со нивна помош се изготвуваат брзо и квалитетно потребните обрасци за извршената услуга и вградените делови.

Истите се користат и за следење на одржувањето на возилото од самото негово купување, како и евиденција на коминтентите што се корисници на нашите услуги.
Тековното одржување на возилата е незамисливо без користење на резервни делови. За таа цел во состав на Сервисниот центар работи одлично снабден магацин – продавница со оригинални резервни делови за коишто истиот дава гаранција, сите видови масла, како и сите потребни течности.

 

 

Сервисот за каросерија и боење е дел од Сервисниот центар на КА-ДИС, којшто одлично функционира според високите стандарди на SEAT. За достигнување на највисок квалитет на изработка, на површина од 600м2, располагаме со најновиот модел машина за извлекување од типот CAR-O-LINER MARK 6, за прецизно поправање и приспособување на возилото по поголеми удари, односно деформитети на каросеријата. Пункт апаратот TECNA служи за извлекување на помалите деформитети на возилото.

Сервисниот центар е опремен и со две преткомори BLOWTHERM се зона, односно фаза на подготовка за процесот на бојадисување. Овие преткомори всушност се простории каде што се одржуваат беспрекорни услови според современи стандарди за подготовка на возилата. BLOWTHERM комората за бојадисување на возилата е специјално дизајнирана за бојадисување со новите еколошки бои и лакови, според најсовремена технологија. Со својот беспрекорен квалитет овозможуваат крајниот резултат да биде еднаков на оригиналниот изглед на возилото.

Бојата за бојадисување на возилата се нијансира и подготвува компјутерски во MIXING BOX со соодветни филтри за вентилација. Нашиот сервис се грижи за околината и затоа користи еколошки бои и репаративни технологии во автомобилската индустрија.
 

   

Со цел да се обезбеди висок квалитет на извршената услуга, а воедно следејќи ги најновите техничко–технолошки достигнувања на производителот, во Сервисниот центар КА–ДИС работи соодветно високо стручно образуван кадар. Вработените своите знаења ги збогатуваат со редовно посетување на стручните курсеви што ги организираат производителот и импортерот. На истите, вработените се запознаваат со новите електронски склопови, мотори и сите други новости содржани во новите возила.
 

   

Во состав на Сервисниот центар работи продавница од 300м2, снабдена со оригинални SEAT резервни делови, оригинална дополнителна опрема за којашто SEAT дава гаранција со траење од 24 месеци. Покрај ова, продавницата е снабдена со сите видови масла, течности, како и пневматици од повеќе брендови за возилата од гамата SEAT.

 

   

Нашата компанија нуди целосно одржување на вашиот постоечки возен парк во Сервисниот центар КА–ДИС.

 

   

Возилата SEAT се изработени по најновите техничко – технолошки достигнувања така што производителот ја обезбедува следнава гаранција:

- 3 години гаранција на дефекти настанати по вина на производителот
- 6 години гаранција на лакот на каросеријата
- 12 години гаранција на каросеријата против корозија

Со цел да се подобри квалитетот на услугата, за возилата на нашите редовни коминтенти со поголем возен парк, КА–ДИС нуди договор во кој ќе се договорат следните погодности:

1. Прифаќање на возилата во Сервисниот Центар КА – ДИС со приоритет во однос на другите
2. Возило за користење, со кое коминтентот може да ги извршува секојдневните обврски за време на сервисирањето на возилото
3. 24 часовна помош, 7 дена во неделата во државата и во земјите на блиското соседство и
4. При промена на SEAT возилата за нови SEAT возила, ви нудиме откуп на старите SEAT возила