ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Ibiza е подготвена со врвни технолошки решенија што се дизајнирани да го направат вашиот живот полесен.

Подгответе се за незаборавно возачко искуство.

Една од првите работи што ќе забележите секако се предните интелигентни светла. Но има повеќе за нив отколку што може да се забележи. На пример, светлата за магла имаат својство да ги осветлуваат свиоците, што, кога е потребно, автоматски ги фокусираат во насоката на движење на автомобилот, со цел да добиете уште поголема безбедност. Непријатни изненадувања зад следниот свиок? Заборавете на тоа.

Исто така можете да ја надградите со Bi-xenon предни светла со AFS (Адаптивен систем на предни светла). Тие всушност ја следат насоката на вртење на управувачот, нудејќи ви широко видно поле и прецизно фокусирање.



 

 

Во останатите детали вклучени се: задни паркинг сензори што ве информираат дали сте премногу блиску до околните возила и предмети. Да не го заборавиме и сензорот за дожд што ја детектира присутноста на капки вода и автоматски ги вклучува бришачите на предното стакло, или темпоматот, којшто ви дозволува да се опуштите на автопатот и при долгите патувања. И да не заборавиме да напоменеме дека, ако изберете верзија со ESP (Електронска програма за стабилност), вклучен е и индикатор за притисок во пневматиците.

Загрижени сте како ќе ја слушате вашата омилена музика. Без грижа. Можете да го поврзете вашиот iPod ® уред или друг надворешен уред приклучен во USB влезот. Останатото е да уживате во вашата музичка листа.

Патем, дали ги забележувате приспособливите отвори за вентилација? Изгледаат елегантно, ќе се сложите, уште повеќе ако одлучите да имате и приклучок за уред за навигација поставен во средината на инструмент таблата. Поставувањето на уредот за навигација е едноставен, а тој ќе ве одведе од точка А до точка Б без заобиколувања.

Уште една извонредна функција во Ibiza е Помошта при тргнување на нагорнина, што е достапна со ESP (Електронска програма за стабилност) како опција. Овој практичен уред значи дека повеќе нема да има паника при тргнување на нагорнини. Значи наместо да жонглирате со педалите, можете работата на нозете да ја сочувате за танцување. А тоа е поради одложувањето на функцијата на кочницата за две секунди, што ви даваат доволно време за релаксиран старт.