ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Кога ја дизајниравме новата Ibiza баравме совршен облик. А резултатот? Естетско ремек дело. Уникатна комбинација на убавина и технологија, елегантно соединети од страна на SEAT. Воодушевувачка однатре и однадвор.

Однадвор ќе бидете погодени од нејзиниот прекрасен изглед. Следете ги линиите што започнуваат од новите предни светла коишто се провлекуваат преку крилата. За прв пат ќе согледате дека на автомобилот не е направен компромис врз оригиналнита идеја на дизајнерот - овој автомобил е обликуван како стрела. Чиста динамика. Чист став. Силна индивидуалност.

Но, тоа не завршува тука - само погледнете го големото внимание врз деталите: на хромираната предна маска, Bi-xenon предни светла со AFS (Адаптивен систем на предни светла), до 17'' фелни од лесна легура или новиот електричен сончев покрив. Тоа е бескомпромисна, совршена убавина.

Во ентериерот ќе откриете повеќе простор од кога било - и дека можете фино да го приспособите ентериерот за да одговара совршено на вашите потреби, вклучувајќи ги сите седишта, потпирачи за глава и за раце. И секако, возачот останува во целосна контрола со приспособување на височината и длабочината на управувачот.

А пакетот за багаж ве прави сигурни дека просторот во автомобилот ќе остане уреден и чист: во багажниот ќе најдете мрежа и една преграда во задниот дел на седиштата – дури можете и да изберете фиока под предните седишта. Постојат, исто така, 3 држачи за чаши и 12V приклучок за сите дополнителни елементи што сакате да ги вклучите. А дали ви споменавме дека можете да побарате и дополнителна преграда? Таа е идеална за чадор и мантил за дожд.

Добре дојдовте во нашата визија за совршеност.