ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Кога ја дизајниравме новата Ibiza, нашата цел беше да создадеме автомобил што ќе биде како здив на свеж воздух; привлечна од сите страни, не само од една.

Како и да ја гледате – никогаш нема да ви биде здодевна.


Новодизајнираниот екстериер внесува динамични линии што му даваат на изгледот на Ibiza решителен став. Секој детаљ, секоја врежана линија, е креирана со цел. Таа не е само автомобил, таа е ремек дело.

Во предниот дел на автомобилот, можете да забележите дека формата се создава од линиите што започнуваат од одважната хромирана предна маска, а потоа се провлекуваат преку крилата и страните, нагласувајќи ја линијата на автомобилот до задниот дел. Следете ги линиите што започнуваат од предните светла, па се провлекуваат врз крилата. За прв пат ќе се уверите дека ова е автомобил кај кој дизјанерот не направил компромис во дизајнот споредено со оригиналната замисла. – овој автомобил е дизајниран како стрела. Чиста динамика. Чист став. Силна личност. Одиме понатаму.


Добро слушнавте. Притискање, завртување и вклучување на секое копче, рачка и ракофат во Ibiza, произведува нежен тон и префинето чувство при допир. Овие детали беа внимателно креирани за вашето уживање во возењето да биде ненадминато. Како што можете да забележите – совршенството е задолжително до последната завртка.

(*) Хептиката е наука што го проучува чувството на допир и контрола при интеракцијата со механичките, електронските и компјутерските апликации.

Погледенте подобро и ќе ги забележите Bi-xenon предните светла со AFS (Адаптивен систем за осветлување на предни светла), како и новиот, одважен дизајн на новиот сончев покрив – како и рачките на вратите, страничните ретровизори и одбојниците во боја на автомобилот. Во зависност од моторот што ќе го одберете, ќе можете да очекувате и единечна видлива издувна цевка. Безбедност, врвна технологија и убавина спакувани во едно.

 

Има уште: Сите верзии на Ibiza со достапни со опционални 17” фелни од лесна легура – додека изборот на бои е поголем од кога било досега. И ако досега изборот на бои не ви предизвикувал главоболки, SEAT со задоволство ви ја претставува својата прва гама бои по порачка!